Матурира младиот сопственик на компанија за производство на струја Душко Заев.
Како што објави порталот Курир, синот на поранешниот премиер Зоран Заев е 18-годишен тинејџер, кој раководи со струмичката компанија Тотал енерџи.
Матурската забава на младиот бизнисмен беше организирана во Струмица. За оваа вечер, која е најважна за секој средношколец, синот на Заев се одлучи за спортско-елегантна комбинација, сиви панталони, бела кошула, тегет сако и патики.
Неговата сестра Александра матурира во 2019 година, а високото образование го продолжи во Бугарија. Дали Душко ќе продолжи со учење или ќе се фокусира на бизнисот, ќе се види во иднина.
Несомнено, доколу младиот бизнисмен реши и академски да се надградува, ќе има можности да си дозволи некој од престижните универзитети во светот.
Извор: Курир