Комисијата за заразни болести по денешниот состанок на кој се разгледувала епидемиолошката состојба во земјава, препорачува наставата во второто полугодие од учебната 2021–2022 год, која треба да започне на 1 февруари, да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи.
Ваквиот неразбирлив став на Комисијата, во услови кога Ковид коси скеојдневно со по 20-тина мртви, а од вирусот се заразуваат над 30 отсто од тетсираните или над 2 000 лица на дневно, во услови кога во скопските болници веќе нема место, во последните јавни натсапи го поддржува и д-р Никола Пановски, а кон него се приклучи и д-р Нико Беќаровски од Токсилокогија, кој преку ФБ упати се обиде и да ја омаловажи групата за „ОН ЛАЈН НАСТАВА“.
Единствен доследен на својот став остана д-р Злате Мехмедовиќ кој подолго време се залага за он лајн настава.
Инаку, Македонија и натаму е во светскиот и европскиот врв по број на починати и една ретките земии каде не се разговара за долгорочните последици од прележувањето на Ковид 19 и од вакцинирањето.
Препораката на Комисијата дополнително ќе се разгледува на Кризниот штаб и на седница на Влада. Конечна одлука треба да биде донесена до крајот на неделата информираше министерот за образование.
– До крајот на неделата ќе има конечна одлука и каква и таа да биде – физичка настава или онлајн, коментарите ќе бидат различни. Но, ќе се земат сите придобивки од двете варијанти, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири.