Aлбанскиот премиер, Еди Рама ги изненади двете деца, Аурелин и Алејсон, кои во страотниот земјотрес од 6,4 степени по Рихтер што ја погоди Албанија, за да се спасат, скокнале од балконот од своите домови. Тие се здобија со повреди, но успеаја да се опорават.
По излегувањето од болница, Рама ги однесе децата во Торино, каде ги ги запозна со Роналдо и Буфон.
„Фала многу Роналдо, ова е од големо значение, не само за децата, туку и за целата држава“, изјави Рама, кој им објаснуваше на двјацата фудбалери за земјотресот и целата ситуација која што настана по силниот земјотрес.
Тие добија на подарок дресови потпишани од двајцата популарни фудбалери.
На вонредната седница на Советот на министри на Албанија, премиерот Еди Рама рече дека е отворена истрага за 60 компании од Драч за изградба на објекти надвор од сите стандарди.