Музиката предизвикува чувство на задоволство како омилената храна, тврдат истражувачите од Универзитетот во Монтреал. Тие, во истражувањето од пред неколку години, одбрале осум доброволци од 19 до 24 години, ги приклучиле на специјален скенер и ја мереле количината на хормонот допамин, како и отчукувањата на срцето, температурата на телото и дишењето. Се воспоставило дека мозокот на луѓето кои паѓаат во еуфорија додека слушаат музика, го лачи токму овој хормон на задоволство, а слична реакција предизвикува и храната која ја сакаат.

Додека уживаат во нивните омилени песни, кај испитаниците е забележано зголемено лачење на допамин т.н. striatum, во предниот дел на мозокот. Овие промени не се случуваат доколку музиката не им се допаѓа.

Допаминот се лачи интензивно додека јадеме, така што тогаш посебно уживаме.

Сепак, музиката е посебна загатка, а научниците истакнуваат дека музиката на Моцарт има особено позитивен ефект врз мозокот. Испитаниците кои ја слушаат покажале повисок степен на интелигенција во тестовите од оние кои претпочитаат најмодерна музика. Научниците веруваат дека ова е затоа што музиката на Моцарт има уникатни математички обрасци, кои го активираат логичкиот дел од мозокот.