Здружението на професионалните онлаjн-медиуми Онлајнмедиа.мк (Onlinemedia.mk) денеска одржа годишно Собрание, на кое за нов претседател на здружението беше избран Дејан Николовски, главен и одговорен уредник на Нетпрес.мк.
Неговиот избор, предложен од присутните, беше едногласен.
Членовите на здружението му се заблагодарија на ангажманот на досегашниот претседател Владимир Кошевалиски.
На состанокот се договорија наредните активности на Онлајнмедиа.мк во однос на измените во Изборниот законик, продолжување на преговорите со Владата за субвенционирање на медиумите, за регулацијата во однос на маркетинг буџетите и регистерот на порталите во АВМУ, како и други важни области.




