– Познатиот американски телевизиски новинар Лери Кинг е хоспитализиран откако бил тестиран позитивно на Ковид-19, пишува весникот „Дејли мејл“.
Како што објави весникот, 87-годишниот Кинг, кој е познат по интервјуата емитувани на Си Ен Ен, а кој потоа премина во „Русија денес“ (РТ) е префрлен в болница откако еден од гостите во неговата емисија бил хоспитализиран во Лос Анџелес.