Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис верува дека неговиот дует со Леброн Џејмс сепак може да го одведе тимот до шампионската титула.
– Мислам дека сè уште можеме да бидеме столбот на шампионскиот тим. Раководството треба да разгледа некои работи во меѓусезонскиот дел. Јас и Леброн ќе треба да разговараме оваа сезона и да дефинираме што сакаме да правиме следната. Треба да се вратиме на шампионскиот пристап што го имавме во првата сезона. Да, имаше повреди, но и во здрава состојба не можевме да го реализираме целосниот потенцијал. Поради некоја причина. Сакаме да ги увидиме причините, изјави Дејвис за „ESPN“.
Лејкерси не успеаја да се пласираат во плејофот оваа сезона. Тие регуларниот дел од сезоната го завршија на 11. место во Западната конференција со 33 победи.