Пеп Гвардиола ги сумираше впечатоците по вчерашниот дерби-натпревар помеѓу Манчестер сити и Ливерпул (2:2) во 32. коло од Премиер лигата.

– Овој натпревар е добра реклама за Премиер лигата, беше успешен. Двата тима се обидоа да победат. За жал, постои чувство дека ги оставивме живи. Но, слушајте, гледањето на Ливерпул е задоволство. Знам колку е опасен нивниот напад, колку е тешко да се игра против нив, но мислам дека се претставивме многу, многу, многу добро. Неверојатно сум горд на мојот тим. Двете екипи знаат дека остануваат уште седум натпревари, мора да ги добијат сите, во спротивно се ќе биде готово. И ние ќе се бориме за титулата, изјави менаџерот на Манчестер сити.

По 31 коло во Англиското фудбалско првенство, Манчестер сити е лидер со 74 бода, Ливерпул е втор со 73, трет е Челзи со 62 и натпревар помалку.