Многу топол и просечно врнежлив месец беше декември 2023 година. Како што информира УХМР, средномесечната температура се движела од 1,6 степени во Лазарополе до 7,1 во Гевгелија. Споредено со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот период 1991 – 2020, температурата во декември 2023 била 1,9 степени повисока од просечната на ниво на државата.

Во однос на високите температури исклучок биле Струмица и Демир Капија каде биле измерени просечни вредности и Маврово кој бил екстремно топол.

Спортед УХМР, највисоката максимална температура беше измерена на 2 декември во Битола и изнесуваше 22,1 степен. Во текот на месецот се евидентиртани невообичаено високи температури, особено во првата декада.

Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 09-ти и изнесуваше -9,5 степени.

Во декември 2023 месечната сума на врнежи варираше од 38 мм во Штип до 140 мм во Маврово. Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество од 59 мм или 57 см снежна покривка беше измерено во Маврово на 16-ти во месецот. Споредено со декемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020) која изнесува 65 мм, измерената месечна сума на врнежи во декември 2023 беше 11 отсто околу просекот на ниво на државата.