Тој за Entertainment Tonight објасни дека работи на документарниот филм On the Roam и поради тоа многу патува.

„Во моментов немам ни дом. Живеам на пат“, рече ѕвездата на „Аквамен“. Инаку, документарната серија на која работи ги следи неговите средби со занаетчии, музичари и спортисти на патување во САД. Премиерата на овој негов проект е на 18 јануари на платформата Max.

Потсетиме дека Момоа го реши својот развод со Лиза Бонет во понеделникот. Во документите до кои дојдоа медиумите, поранешната двојка постигнала договор за заеднички имот. Бонет побарал заедничко физичко и правно старателство над нивните деца Лола (16) и Накоа-Волф (15).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Max (@streamonmax)