Шпанскиот фудбалски великан денеска одржува генерално собрание и токму Деко најави неколку добри вести кога е во прашање првата екипа.

Во следниот период ќе следат три важни потписи со фудбалери за сегашноста и иднината, односно нови договори ќе потпишат капитенот Рафиња (со 2030 година), Марк Бернал (2031) и Хави Еспарт (2030).

– Доста сме напреднати со обновата на Рафиња. Можам јавно да кажам дека вчера попладне се согласивме да го продолжиме договорот на Рафиња за повеќе години. Мислам дека Рафа ќе биде со нас во следните четири години. И Марк Бернал, како и Чави Еспарт. Ова се административни прашања за кои ќе се погрижиме во текот на оваа недела, но сакав малку да објаснам за обновата. Станува збор за тројца играчи чии ситуации ги решивме оваа недела, -истакнал Деко.