Дел од 451 епизодоа на емисијата „Хајвајр“ на Дел Метју Бигтри во која зборува за напливот на пропаганда за тоа како не е точно дека постои поврзаност меѓу вакицините и аутизмот:
ДЕЛ БИГТРИ: Кога ќе размислите за вакцините, секогаш има една главна сериозна нуспојава што сите ја спомнуваат. Која е нуспојавата број еден? Кажете ми веднаш (мисли за тоа дека дебатат за вакцините предизвика нуспојава на пропаганда на наводно научни ставови дека тие не предизвикуваат аутизам, н.з.).
“Вакцините не предизвикуваат аутизам. Науката е јасна.”
“Вакцините не предизвикуваат аутизам.”
“Вакцините не предизвикуваат аутизам.”
Многу докази има. Ништо во светот не е повеќе проучувано од оваа врска помеѓу вакцините и аутизмот. Го слушаме тоа со децении.
Ако насловот на вашата страница на веб-страницата на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вели „вакцини“, во множина, што значи сите вакцини не предизвикуваат аутизам. Дали ја имаме таа оригинална веб-страница? Ако вакцините не предизвикуваат аутизам, ве молам доставете ни ги сите докази дека не предизвикуваат аутизам. Но, тие не го направија тоа. И ние ги тужевме и отидовме на суд и се докажа дека немаат одговори. Победивме на суд. Тоа е лага.
Ајде да ја видиме новата страница. Еве ја. Сега пишува „аутизам и вакцини“. Тврдењето дека вакцините не предизвикуваат аутизам не е тврдење засновано на докази, бидејќи студиите не ја исклучиле можноста дека вакцините кај доенчиња предизвикуваат аутизам. Студиите што покажуваат врска помеѓу аутизам и вакцините биле игнорирани од здравствените власти.
Сега се движиме кон научно засновани, врз докази-засновани изјави на веб-страницата на ЦДЦ, а целата работа што ја има направено ICAN (негоивата непрофитна органзиација, н.з.), секако, е можна само со помошта и насоките на Арон Сири (адвокат кој се бори да докаже дека вакцините не се сепак така безбедни за децата, н.з.).
АРОН СИРИ: Се сеќавам како му се јавив на адвокатот од Министерството за правда и му реков: „Ја добив вашата листа од 20 студии.“ Добро. Проблемот е што во таа листа од 20 студии, 19 од нив немаат никаква врска, со вакцините што се даваат во првите шест месеци од животот. Му реков: „Дали сте сигурни дека вашиот клиент, ЦДЦ, сака ова да го стави во договорна судска наредба?“ И се сеќавам дека адвокатот од Министерството за правда се врати и рече: „Не, не, не. Тоа е тоа. Тоа е федерална судска наредба.“ Каде на друго место можете да ги добиете студиите, ако не од ЦДЦ, освен со тоа што ќе им ја свртите раката преку федерална тужба за да ги натерате во суштина да ја дадат листата, и кога еднаш ја имавте, вистината едноставно повеќе не можеа да ја сокријат.
ДЕЛ БИГТРИ: Арон, ова партнерство со ICAN и работата што ја направи со твојата адвокатска канцеларија е без конкуренција. Сакам да ги признаам и сите други групи што работеле на ова уште пред ние да стигнеме тука. Сите родители на деца со аутизам што викаа, до сите луѓе таму како мене. Ние слушавме. Денес треба да бидете препознаени за работата што ја имате направено.
Ова е историски момент што штотуку се случи. Нешто за кое работевте толку напорно заедно со нас за да се оствари.
АРОН СИРИ: Ви благодарам. И, ако можам само да додадам, ова исто така немаше да биде можно без целата поддршка и поддржувачите на ICAN, навистина.
Целата емисија на Бигтри за овој настан проследете ја на овој линк



