Утринскиот сообраќаен шпиц во српската престолнина од пред малку е заменет со сообраќан хаос заради невремето кое го зафати Белград.
Блиц објави дека веќе неколку часа трае невремето заради кое некои улици се непроодни од високото ниво на вода. Некои улици на Палилула и во Стар град се целосно поплавени.
Јавниот сообраќај е сериозно погоден, особено трамваите.
Од диспечерскиот центар јавија дека застои има на мостот Газела, на Панчевачкиот мост како и на потегот од Сајмиштето до Ада Циганлија, но и на повеќе други сообраќајници.