Пет земји ги повлекле своите признавања на Република Косово, а последна е таа од Либерија, чиј претседател е поранешниот фудбалскиот ас Жорж Веа.

Српската дипломатија вели дека целиот процес не оди лесно, но оти сега уште десет земји се во процес на размислување за да ги повлечат признавањата.

Освен Либерија, од признавањето се повлекоа и Суринам, Сао Томе и Принципе, Гвинеја Бисао и Бурунди. Впечатливо е што станува збор за држави со кои поранешна СФР Југославија негуваше добри однбоси, пред се заради Движењето на неврзаните.

Инаку, Приштина негираше дека Либерија ја повлекла одлуката за признавње, но таа вчера е потврдена од Либеријците. Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли рече дека стануива збор за лажна вест, но откако се јавил кај колегите во либериското МНР тие му ја потврдиле веста.