Делови од Општина Ѓорче Петров утре ќе бидат без вода, а потегот кај Универзална сала и ул.„Васил Главинов“ без струја.

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека на ден 24.08.2026 година (понеделик) без водоснабдување ќе останат:
• поради изведување водоводен приклучок Ф-300 мм на ул.1409 бр.9 во населба Ѓорче Петров, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.1409 и индустрискиот дел, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со активностите.(општина Ѓорче Петров)

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 24.08.2026 година ( понеделик ) без електрична енергија ќе останат:
• Во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул.9-ти Мај, дел од ул.Рузвелтова, дел од ул.Христо Смирненски и дел од ул.Теодосиј Гологанов. ( општина Центар )
• Во периодот од 09.00 до 09.20 часот, корисниците на ул.Васил Главинов бр.7Б. ( општина Центар )