Десет мигранти од Авганистан и Пакистан биле откриени до скопски „мерцедес“ кај Демир Капија, синоќа во 21.30 часот на автопатот А-1, на делницата Гевгелија- Неготино, кај мост Клисура.
Како што информираше денеска портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, возилото било управувано од С.О.(47) од Скопје. Мигрантите биле штотуку излезени од мерцедесот.
-Возачот и патниците се приведени во ПС ОН Неготино каде се задржани до расчистување на случајот, појасни Додевски.