Демократијата продолжи да опаѓа во светот во 2021 година, според Индексот за демократија, составен од истражувачката група Економист.
Минатата година, 45,7 отсто од светското население живеело во некоја форма на демократија, што е намалување од 49,4 отсто во 2020 година, соопшти во средата одделот за истражување. Само 6,4 отсто од луѓето живееле во „целосна демократија“, нешто помалку од 6,8 отсто една година порано.
Повеќе од една третина од луѓето, 37,1 отсто, живееле во диктатури, што е мал пораст во споредба со 2020 година. Уделот на авторитарни држави постојано расте во последните неколку години.
Норвешка, која според истражувањето беше оценета како најдобра во три од петте категории, останува на врвот на листата. Следува е Нов Зеланд кој од четвртото се искачи на второто место, а потоа следуваат Шведска, Финска, Исланд и Данска.
Две големи европски земји беа предмет на критики во студијата.
Шпанија е деградирана во „неправилна демократија“ поради полошата проценка на независноста на судството, врз основа на политичките несогласувања околу назначувањето на судии.
Британија се уште е „целосна демократија“, но поради неколку скандали кои ја нарушија довербата на граѓаните во владата, нејзиниот рејтинг е намален. Британскиот премиер Борис Џонсон веќе две недели се соочува со критики во својата земја поради скандалот „партигејт“, односно организирањето забави во владиниот штаб при целосното затворање.
Кина беше во фокусот на извештајот наречен „Кинески предизвик“. Студијата истакна дека, спротивно на очекувањата на западните аналитичари, Кина не стана подемократска, иако во исто време стана побогата, туку стана „помалку слободна“, а извештајот ја класифицира како „авторитарен режим“.
Активистите за човекови права велат дека Кина го зајакнува надзорот над населението, ги задушува владините критичари, дисидентите и малцинствата како што е муслиманското ујгурско население.