Сечени, нецелосни и вадени од контекст. Ова е ставот на поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, по објавените три аудио и една видео-снимка на Јутјуб. Дончев денеска во допис до јавноста потврди потврди дека првата бомба се однесува на фирмата „Дијамед“. Таа пред шест години го доби тендерот за услуги за дијализа на пациентите во земјава. Другите две снимки биле за фирмата „Тотал ТВ“. За видеото каде се гледа дека зема пари и ги става во чанта, Дончев не демантира дека навистина земал пари, но тврди дека снимката била стара.
„Објавената видео-снимка по мое сеќавање е од поодамна и станува збор за снимка од приватен карактер. Секако, останува понатаму Државните институции да си ја вршат својата работа“, вели Дончев.