ДЕН НА ЖАЛОСТ: БиХ тагува за осумте тинејџери кои се задушија со плин во новогодишната ноќ

/ 02.01.2021

Во БиХ денеска е Ден на жалост откако вчера беа пронајдени починати осум тинејџери кои дочекот на Новата 2021 година го прославувале во викендичка во селото Трибистово, Посушје.

Западнохерцеговачкиот кантон прогласи тридневна жалост.

Тинејџерите, сите на возраст од 19 години, најверојатно починале како последица од гушење со плин кој го користеле за да се греат. Нивните тела ги пронашле соседите откако утрината тропале на вратата за да ги проверат бидејќи со часови никој не излегол од викендичката. Откако никој не им отворил, го скршиле едниот прозорец и влегле, тогаш би виделе безживотните тела.

Резултатите од обдукцијата се уште се чекаат, а жителите за Посушје палат свеќи за трагично загинатите деца.


Од истата категорија