Во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија во државава денеска е ден на жалост.
Во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва знамето е истакнато на половина копје.
Одлуката ја донесе вчера Владата, како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција и Сирија, на 6-ти февруари.
Бројот на загинати во земјотресите достигна над 34.000.