Политичките партии кои учествуваат на изборите в среда, ден пред официјалниот почеток на изборната кампања, ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза.
Потпишувањето на Декларацијата е традиционален настан што го организира Институтот Охрид од 2014 година и се одржува пред секои избори. Декларацијата ќе ја потпишат претседателите и подмладоците на политичките партии.
– Потпишувањето на оваа Декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво, посочуваат организаторите.