Четири нови случаи на искасани граѓани од улични кучиња се регистрани денеска, меѓу кои и 11-годишно дете од Велес.

На 10.06.2020 во 21 часот во Полициската станица Бит Пазар, Х.И.(58) од Скопје пријавил дека на бул.„Крсте Мисирков“ бил каснат од куче скитник.

На 10.06.2020 во 10 часот во Полициската станица Карпош, Ј.Д.(60) од Скопје пријавил дека во Градскиот Парк бил каснат од куче скитник.

На 11.06.2020 околу 01 часот во СВР Велес, В.Г.(22) од Велес пријавил дека на крстосница од ул.„Благој Ѓорев“ и ул.„Партение Зографски“ бил каснат од куче скитник.

На 10.06.2020 околу 21.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Нечев“ 11-годишник од Велес бил каснат од куче.

Стана секојдневие граѓани да бидат напаѓани од улични кучиња, а општините на чија територија се случува тоа се должни да им исплатат надоместок за претрпена штета.

Според тоа како се решава овој проблем, на општините и Град Скопје им е поедноставно да плаќаат високи суми за отштета на граѓаните, наместо тие пари да се потрошат за решавање на проблемот со намножените кучиња скитници.

И невладините асоцијации кои се грижат за бездомните животни треба да се ангажираат за решавање на овој проблем, бидејќи револтираните граѓани „законот го земаат во свои раце“ и тогаш, за жал, сме сведоци на немили сцени и се случуваат несакани последици и за животните.

(Д.Г.)