Нови 87 заразени со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа од 2953 тестирања. Починаа 17 пациенти на возраст од 47 до 82 години, а оздравени се 197, соопшти Министерството за здравство.

Од новите дијагностицирани, 26 се во Скопје, девет во Радовиш, по шест во  Куманово и Кратово, пет нови случаи има Прилеп, по четири имаат Битола, Струмица, Кочани и Кичево, по три Неготино и Делчево, по двајца новозаразени се регистрирани во Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе и по еден во Кавадарци, Штип и Крива Паланка.

Пријавени се 17 починати лица во изминатото деноноќие: пет од Скопје (66г, 71г, 76г, 79г  и 80г), три лица од Тетово (60г,70г и 73г), две од Куманово (73г и 82г) и по едно лице од Прилеп (58г), Штип (58г), Кичево (81г), Струмица (59г), Гостивар (47г), Ресен (80г) и Богданци (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 15 во болнички услови.

Регистрирани се 197 оздравени пациенти: Скопје – 91, Прилеп – 25, Охрид – 14, Куманово – 12, Битола – 10, Велес – седум, Струга и Кавадарци по шест, Штип и Гевгелија по четири, Кочани, Кичево, Свети Николе и Виница по тројца оздравени, Струмица и Берово по двајца, Тетово и Пехчево по еден.

Епидемиолошки анализи по градови – број на заболени и на активни случаи:

Скопје 68 323, активни 1241

Куманово 8789, активни 294

Прилеп 8277, активни 139

Тетово 7196, активни 114

Битола 6275, активни 208

Велес 5463, активни 79

Гостивар 5161, активни 56

Кавадарци 5149, активни 43

Охрид 4991, активни 191

Штип 4956, активни 63

Струмица 4105, активни 90

Струга 2974, активни 70

Кочани 2780, активни 53

Кичево 2544, активни 81

Гевгелија 2190, активни 29

Неготино 2182, активни 24

Свети Николе 1521, активни 41

Ресен 1233, активни 40

Крива Паланка 1219, активни 8

Радовиш 1149, активни 67

Берово 1027, активни 6

Делчево 970, активни 30

Дебар 938, активни 5

Виница 874, активни 55

Пробиштип 789, активни 16

Валандово 665, активни 6

Богданци 493, активни 6

Крушево 488, активни 22

Демир Хисар 397, активни 21

Демир Капија 396, активни 2

Кратово 373, активни 21

Македонски Брод 358, активни 3

Пехчево 267, активни 2

Македонска Каменица 247, активни 17

Дојран 132, активни 0

 

Од почетокот на епидемијата во земјава вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица достигна 154 891, а направени се вкупно 763 451 тестирања. Оздравени се 146 499 пациенти, починати 5249, а активни случаи има 3143.