Со зголемувањето на температурите и до 40 степени зголемен број на сообраќајни незгоди, колапси, јавување од хронично болни во брзата помош.

Денеска до 12 часот имало два колапса на јавно место.

Од Брзата помош апелираат граѓаните да не излегуваат во критичниот период, бидејќи и во брзата помош работи со смален капацитет поради годишните одмори.

Многу често граѓаните и на телефонскиот број 194 може да добијат корисни совети.

Денеска максималната температура во Скопје беше 38 степени и индекс на зрачање и до десет. Улиците во центарот на градот напладне беа скоро празни. Граѓаните кои излегуваат да носат задолжително шише вода, шапка и да се движат под сенки.

Од стартот на работната недела температури ќе бидат и над 40 степени и индекс на зрачење десет.