Времето во Македонија ќе биде сончево и уште потопло, попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 27 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 32 степена.
За време на викендот и во почетокот на наредната работна седмица и понатаму ќе се задржи топло, а нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има на повеќе места низ земјава.