Според православниот календар денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден.

Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли.

Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос.

Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

Според католичкиот календар денеска е Св. Иван Гуалберто.

Бил роден кон крајот на десеттиот век во фирентинско семејство. Во тоа време војничкиот занает бил многу развиен. Свети Иван Гуалберто бил војник се додека не го сретнал убиецот на својот брат кој побарал прошка од него. Свети Иван го следел гласот на Евангелието и му простил за злосторството. Стапил во редот на свети Бенедикт.

Умрел во 1073 година.