Денеска е 20 април (по стар стил) и се слави Преподобен Теодор Трихин. Именден слават: Теодор, Божидар…
Цариграѓанин и син на богати родители. Како млад ги остави родителите, домот и богатството и се насели во еден пустински манастир во Тракија.
Таму се предаде себеси на најтешки подвизи.
Спиеше на камења, за да има помалку сон, и постојано одеше гологлав и се облекуваше во една наметка од кострет, заради што и го нарекоа „трихин“ што значи „кострет“.
Заради ова големото самоизмачување за спасението на душата, Бог му подари голем дар на чудотоврство и за време на животот и после смртта.
Се упокои мирно околу 400 година. Телото му се покажа мироточиво.