Денеска според календарот на МПЦ е Преподобен Михаил Синадски. А во црквата името преподобни обично го носат монаси што станале преподобни на Христа во неговата љубов и смирението.
Овој денешен светител е еден од тие монаси. Патријархот Тарасиј ќе го забележи животот на монахот Михаил и ќе го постави за епископ Синадски. Учествувал на Седмиот вселенски собор, а во времето на иконоборството како речиси сите правоверни епископи бил симнат од епископската катедра и прогонет.
Во прогонство и се упокои во 818 година.
Според католичкиот календар денеска е Св. Бонифациј.
Бил роден во Англија. Во 716 година, го проповедал Евангелието меѓу Германите. Тогаш кралот Гргур Втори му дозволил да биде мисионер меѓу Германите. Свети Бонифациј во Германија основал манастири. Својата верност кон Христос ја потврдил со маченичката смрт во 754 година.