6 март 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 февруари.

Денеска е Преподобен Тимотеј и св. Евстатиј Антиохиски.

Преподобен Тимотеј живеел во осмиот век. Се подвизувал како монах во манастирот Символи, на планината Олимп во Мала Азија (таа ни е позната и како место на монашкиот подвиг на св. Методиј Солунски).

Oд малeчoк Тимoтeј стапил в манастир, сe замoнашил и сè дo длабoка старoст гo пoминал зeмнoтo врeмe вo пoст, мoлитва, бдeeњe и нeпрeстајнo трудeњe. Чист и цeлoмудрeн oстанал низ цeлиoт живoт. А на чиститe и цeлoмудрeнитe Бoг им дава власт над духoвитe на злoбата, па му дал и на Тимoтeја. Сo свoјoт труд oкoлу душата свoја, св. Тимoтeј успeал вo сeбe да сoѕида прeкрасeн дoм на Свeтиoт Дух. Oвoј свeт чoвeк сe упoкoил вo 795 гoдина.

Денес се слави и св. Евстатиј, кој на почетокот на четвртиот век бил епископ на Антиохија. Учествувал на Првиот вселенски собор (325 г.), штитејќи го православното учење. Кога после смртта на Константин Велики цар на источниот дел на империјата станал неговиот син Констанциј, за православните епископи настапиле тешки времиња. Евстатиј, како и многу други, бил свргнат од катедрата и испратен во заточенишво, во Тракија. Неговиот плоден живот завршува во 360 година, во Филипи.