11 декември 2018
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 ноември.
Денеска е Св. 15 Тивериополски маченици.
Од 15-те Тивериополски, т.е. Струмички маченици, четворица беа од Никеја. Еден од нив, Тимотеј, стана и епископ на Тивериопол. Друг, Теодор, веќе беше епископ и учествуваше на Првиот вселенски собор во 325 година. Кога овие четворица дојдоа во Тивериопол, со своите зборови и со чудата, кои се крилја на зборовите, многумина привлекоа кон Христа. Тоа се случуваше во времето на царот Јулијан Отпадникот, кој ги гонеше христијаните. Гласот за овие мажи стигна до Солун, па тамошните управници дојдоа во Тивериопол и ги погубија. Нивните мошти се покажаа чудотворни. Подоцна, бугарските цареви Михаил и Симеон пренесоа дел од моштите во Брегалница и ги положија во црквата што ја изградија во нивна чест. Другиот дел остана во Тивериопол, т.е. Струмица.