Денеска е 21 септември (по стар стил) и се слави Светиот апостол Кодрат.
Еден од Седумдесетте. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп: најнапред во Атина (после свети Публиј), а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух.
Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а светиот апостол Кодрат низ словото Божјо им заблесна на Елините како голема светлина, ја осветли темнината, ги симна скверните жртви, ги разурна идолите и демонските храмови ги разори со молитва.
Но, темнината секогаш ја мрази светлината, па така и незнабошците го замразија свети Кодрат, та по ова го фрлија в затвор и не му даваа леб сè додека не ја испушти својата света душа и не се пресели во Царството на својот Бог Христос.
Свети Кодрат напиша одбрана на христијанството и му ја предаде на царот Адријан. Таа одбрана толку подејствува на незнабожечкиот цар, што овој нареди христијаните да не се прогонуваат без особена вина. Свети Кодрат пострада околу 130. година.
Погребан е во Магнезија, градот во кој го заврши животот маченички.