5 февруари 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 јануари.

Денеска е Св. Климент Анкирски.

Овој Климент се роди во град Анкира (или Анкара, во денешна Турција) во третиот век. На 12-годишна возраст остана сирак, а го прифати една благородна пријателка на мајка му. Уште како млад го сврте вниманието на локалниот епископ заради својот свет живот. Го ракоположија за свештеник, а веќе на 20 години и за епископ. За време на едно од последните гонења на христијаните во Рим, свети Климент беше затворен. Во затвор остана 28 години, каде што постојано го измачуваа. Најпосле, пострада маченички за Христа кон крајот на третиот век.