Папата Франциско призна дека свештеници сексуално злоставувале чесни сестри и наведе дека тоа и натаму се случува.

БиБиСи јави дека папата Франциско изјавил оти неговиот претходник, папата Бенедикт бил принуден да згасне цела конгрегација на калуѓерки кои биле злоставувани од свештеници.

Се смета дека ова е првпат папата Франциско да признае дека свештеници сексуално злоставувале калуѓерки. Папата додаде дека Црквата се обидува да го реши овој проблем, но проблемот продолжува.

Папата, кој беше во посета на Обединетите Арапски Емирати, за проблемот околу сексуалното злоставување на калуѓерки разговараше со новинарите на Блискиот Исток. Притоа призна дека свештеници и бискупи злоставуваат калуѓерки, но рече дека црквата е свесна за тој проблем и постојано работи за наоѓање решение.

– Папата Бенедикт беше доволно храбар да укине една цела ќенска конгрегација, која беше на одредено ниво, и тоа поради ропството во кое жените влегувале во таа конгрегација, ропство кое одело се до сексуално робување. И тоа од страна на свештеници или од самиот основач на тој ред, рече папата пред новинарите.

Тој додаде и тоа дека ова се случува најмногу во одредени конгрегации, најчесто во новите и во конгрегации во одредени региони.

Во мај ланската година глобалната организација на Католичката црква за калуѓерките обзнани дека „културата на тишина и тајност“ е тоа што ги спречува чесните да проговорат.

Пред неколку дена ватиканскиот женски магазин Women Church World го осуди насилството, нагласувајќи дека во некои случаи калуѓерките морале да абортираат деца од свештеници, нешто што католицизмот го забранува.

Списанието наведе и како MeToo движењето придонело за тоа жените да се појавуваат во јавност со своите приказни за проблемот.