1 јануари 2019
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 декември.
Денеска е Св. маченик Бонифациј.
Бонифациј беше роб. Живееше во Рим со својата господарка Аглаида во незаконит брак. Иако и двајцата беа христијани по име, далеку беа од светиот живот. Еден ден Аглаида му даде многу пари на Бонифациј и го прати на Исток да и донесе мошти од некој христијански маченик. Овој отиде во градот Тарс, во Мала Азија, и гледајќи како христијаните бесправно страдаат за Христа, поверува и самиот. Заради тоа беше ставен на маки и најпосле погубен. Неговите придружници ги зедоа неговите мошти и ги однесоа во Рим кај Аглаида. А таа, откако доживеа внатрешен земјотрес поради тоа сведоштво, изгради црква и ги положи таму моштите на свети Бонифациј. Ова се случи за време на император Диоклецијан.