31 декември 2018

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 декември.

Денеска е Св. Севастијан.

Се роди во Италија. Се воспитуваше во Милано и уште како младо момче стапи во воената служба. Се истакна многу во службата на императорот Диоклецијан кој го постави за началник на царската гарда. Инаку, Севастијан беше таен христијанин. Кога беше откриен дека е христијанин и одби да се откаже од Исус Христос, го врзаа и војниците го стрелаа со стрели, а најпосле го убија со стапови. Овој славен војник, уште повеќе се прослави како христов војник и пострада во 287 година.