Денеска, според календарот на МПЦ. е Св. пророк Амос.
Пророкот Амос потекнува од гратчето Текоа во Палестина. По занимање бил овчар. Како таков Бог го повикал на пророчка служба. Го разобличувал царот Озија и неговите жреци поради идолопоклонството.
Кога пред врховниот жрец Амасија и син му го прорече падот на царството под Асирците, како и неволјите што го стигнаа самиот Амасија, зашто го наведе целиот народ да заборави на вистинскиот Бог, синот на Амасија не издржа и го удри пророкот по главата, така што овој одвај остана жив.
Повреден, Амос се врати во Текоа и по неколку дена се упокои.
Според католичкиот календар денеска е Св. Иренеј.
Се претпоставува дека бил роден во средината на вториот век. По потекло бил Грк. Го познавал Светото писмо и првите записи на христијанските писатели (апологети). Ги читал делата на класичната книжевност и записите на некои кривоверци.
Својот земски живот го завршил со мачеништво во времето на Септимиј Север и неговите прогонства, околу 203 година.