Денеска според календарот на МПЦ е Св. пророк Елисеј.

Пророк Елисеј живеел 900 години пред Христа. Му бил современик и сопатник на големиот пророк Илија. Всушност, тој ја продолжи неговата служба. На свети Илија во староста му било откриено дека ќе го замени овој маж од градот Авелмаул.

Тој му го остави својот плашт и жезлото, а Господ на Елисеј му даде поголема сила од онаа што ја имаше Илија. Се претстави пред Бога во длабока старост.

Според католичкиот календар, пак, денеска е Св. Кирил Александриски.

Роден е во 370 година. Тој е последен претставник на александриската школа и грчко-христијанската книжевност во Египет. На Ефескиот сабор во 431 година се борел за правоверството и честа на Богородица Марија против херетичарот Несториј. Во 412 година станал александриски патријарх.