Според календарот на МПЦ, односно Јулијанскиот календар, денеска е Св. маченичка Аквилина.

Света Аквилина е родена во градот Вивлос, Палестина, во христијанско семејство. Веќе на 10 години таа била силно приврзана во христијанската вера.

Во тоа време започнал Диоклецијановиот прогон. Некој ја пријавил Аквилина, која тогаш имала 12 години, на царскиот намесник Волусијан. Тој се трудел да ја одврати Аквилина од Христос, а кога не успеал со зборови, ја ставил на маки.

По долги и повторувани измачувања св. Аквилина го предала духот на Бога. Ова сведоштво се случило во 293 година.

Според католичкиот, односно Грегоријанскиот календар, денеска е Св. Иван и Павле.

Тие биле тајно мачени во својата куќа во Рим. За време на владеењето на царот Јулијан Бунтовник, во 362 година биле закопани. Царот се обидувал да ги натера да се откажат од христијанската вера, но кога не успеал свети Иван и Павле биле измачувани.

Но, и покрај маките тие останале верни на Христос и неговата црква, верувајќи во вечен живот.