Според календарот на МПЦ денеска е Преподобен Онуфриј Велики.

Овој светител живеел во четвртиот век. За свети Онуфриј инаку не се знаело ништо се до пред неговата смрт. Тогаш, по Божја промисла, монахот Пафнутиј во пустината се сретнал со еден чуден човек, целиот обраснат во бели влакна, со брада и коса што ја допираа земјата. Овој го повикал по име, а потоа му го раскажал својот живот.

Свети Онуфриј живеел во пустината во подвиг цели 60 години, хранејќи се најмногу со Божјите зборови, а и со тоа што Бог даваше да расте во пустината. На крајот Бог промисли преку монахот Пафнутиј да се дознае и зачува ова чудесно сведоштво.

Свети Онуфриј се упокоил следниот ден по посетата на Пафнутиј, во 400 година.

Католиците денеска го слават Св. Вилим.

Бил роден во 1085 година, во Верчели, во Италија. На Монтеверџине изградил ќелија во која живеел. Околу него, покрај животните почнале да се собираат и ученици. По извесно време, околу неговата ќелија тие изградиле монашка населба. Луѓето биле воодушевени од неговата светост. Свети Вилим умрел во 1142 година.