15 декември 2018

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 декември.

Денеска е Св. пророк Авакум.

Авакум е еден од старозаветните пророци. Живеел шест века пред Христа и го прорекол падот на Ерусалим, опустошувањето на градот и храмот и вавилонското ропство на Евреите. По опустошувањето на Ерусалим, тој останал да живее во Јудеја, денешен Израел, како земјоделец. Според преданието, се упокоил во длабока старост.