Денеска е 21 август (по стар стил) и се слави Светата маченичка Васа и нејзините деца Теогниј, Агапиј и Пист
Беше жена на идолски жрец, но потајна христијанка. Своите синови ги воспита во христијански дух. Нејзиниот маж ја замрази заради христијанската вера и ја предаде на мачење и неа и синовите.
После тешки измачувања, ги убија нејзините синови со меч. Се смета дека дека ова било во Македонија.
Васа беше радосна заради чесниот крај на маченичкиот подвиг на нејзините синови и оттогаш самата со уште поголема усрдност минуваше од мака во мака. Кога ја фрлија во морето, се јавија Ангели и ја одведоа на еден остров во Мермерното Море, каде што беше убиена со меч, во времето на Максимијан.
Света Васа двојно се удостои со Христовото царство: како маченичка и како мајка на маченици.