Денеска во 12:00 часот попладне во Нион, ќе биде извлечен ждребот за четвртфиналето во Лигата на шампионите. Осминафиналните битки понудија многу изненадувања, а меѓу елиминираните беше и шампионот од последните три години, Реал Мадрид.

Домаќинот на финалниот натпревар оваа сезона – Атлетико Мадрид, исто така го напушти турнирот, како и германскиот гигант Баерн и амбициозниот Пари Сен Жермен.

Сепак, Барселона, Јувентус, Ајакс, Порто и Манчестер Јунајтед, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем продолжуваат.

Нема ограничувања при ждребот и дозволено е да се сретнат тимови од иста земја. Речиси е сигурно дека ќе видиме англиско дерби во четвртфиналето. Важно е да се знае дека Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед не можат да бидат домаќини на своите противници во ист ден. Ако ждребот сепак биде таков, датумите на натпреварите на „црвените ѓаволи“ ќе бидат разменети, бидејќи тие се тимот со понизок пласман во својата домашна лига минатата сезона.

Важни датуми до крајот на ЛШ:

Април 9/10 – први дуели од четвртфинале
Април 16/17 – реванш-дуели од четвртфинале
30 април / 1 мај – први дуели од полуфинале
Мај 7/8 – реванш-дуели од полуфинале
1 јуни – финале.