Според календарот на МПЦ денеска е Раѓање на св. Јован Крстител или кај народот прифатен празник Иванден.

На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја.

Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет.

Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет. За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: Се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.

За католиците денеска е Св. Вилибалд.

Бил роден во Англија, околу 700 година. Живеел во бенедиктанскиот манастир Валтхам. Му бил роднина на Свети Бонифациј, апостолот од Германија.

Во 740 година станал свештеник, а по една година бискуп. Проповедувал и основал неколку манастири и изградил цркви. Бил бискуп 45 години. Свети Вилибалд умрел во 787 година.