Според календарот на МПЦ денеска е Преподобен Висарион Чудотворец, кој по потекло е Египќанец.
Подвижничкиот живот го започнал во своите рани години. Не останувал долго на едно место, туку до својата старост одел од едно на друго пусто место.
На себе имал само едно парче облека и истото го носел и лете и зиме. Живеејќи во таков постојан подвиг, се удостоил за дар на чудотворство.
Исцелувал од секакви болести и правел многу чуда во полза на луѓето. Се упокоил мирно околу 466 година.
Според католичкиот календар денеска е Ромуалд.
Бил роден во 951 година, во Равена. На 20-годишна возраст се посветил на духовниот сталеж во редот на бенедиктинците и крстарел низ Апенините и Ломбардија.
По три години живеел на подрачјето на Пореч во Истра. Честопати плачел поради духовната утеха со која Господ го обдарил. Проповедувал, а изградил и еден манастир. Умрел во 1027 година.