топДенеска е 8 мај (по стар стил) и се слави Чудото на светиот апoстол и евангелист Јован.

Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб.

Кога Јован имаше повеќе од сто години, зеде седуммина од своите ученици, излезе од Ефес и им нареди на учениците да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа старецот слезе жив во гробот и беше погребан. Кога подоцна верните го отворија Јовановиот гроб, не го најдоа телото во гробот. А на 8 мај секоја година се креваше некоја прашина од неговиот гроб од која се исцелуваа болни од разни болести.

Со името на светиот апостол и евангелист Јован се поврзани два празника. Празникот на 21 мај апоред Грегоријанскиот, односно 8 мај според Јулијанскиот календар, е востановен во чест на чудата што се случувале над неговиот гроб. Имено, покрај многуте чуда што ги направил за време на животот (воскреснал мртви, исцелил болни, ја скротил бурата на морето, а кога патниците на бродот немале вода за пиење солената вода ја претворил во слатка итн.), секоја година на 8 мај (с.с.) од неговиот гроб излегувала прашина од која оздравеле многу болни. Песните што на тој ден се пеат во црквата во негова чест главно се составени од Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман во VIII век.

Роден е во Витсаида, град на брегот на Галилејското Езеро и е помлад брат на апостолот Јаков, според татко му наречен Заведеев. Татко му се викал Заведеј, а мајка му Саломија и била ќерка на Јосиф, старателот на Богородица, кај кого што живеела по напуштањето на божјиот храм.