Денеска, според календарот на МПЦ, е Св. Кирил Александриски.
Се родил во Александрија, во втората половина од четвртиот век. Потекнува од благородно семејство и бил роднина со тогашниот александриски архиепископ Теофил.
Подолго време се движел во Нитриската пустина, под раководство на старец Серапион. Оттаму го повикал архиепископотот Теофил и го ракоположил во ѓакон. Кога во 412 година Теофил се упокоил, народот го избрал Кирил за нов епископ на Александрија.
Во негово време се појавила ереста на Несториј, кој на Христос му ја одрекувал божествената природа. Разобличувањето на оваа ерес на Третиот вселенски собор во 431 година во голема мерка е заслуга на свети Кирил. Свети Кирил Александриски се упокои во 444 година.
Католиците денеска ги слават Св. Иван Фишер и Св. Тома Мор.
Биле убиени во 1535 година кога и биле прогласени за светци по 400 години. Иван Фишер бил бискуп, а Тома Мор, државен канцелар на англискиот крал Хенрик Осми.
Голем број католици во Англија останале верни на Римокатоличката црква. Меѓу нив се истакнуваат Иван Фишер и Тома Мор, кои биле убиени поради тоа што не му се покориле на кралот и бидејќи останале верни на Римокатоличката црква.