Според календарот на МПЦ денеска е Св. великомаченик Теодор Стратилат.

Свети Теодор Стратилат пострадал во 319 година. Во тоа време тој бил началник на војската и на градот Ираклија. Црквата го слави посебно на 8 февруари (по стар календар), а денес го празнува пренесувањето на неговите мошти од Ираклија во неговиот роден град Евхаита, што е направено според завештанието, што свети Теодор му го даде на својот слуга Вар, непосредно пред неговиот маченички крај.

Според католичкиот календар денеска е Св. Алојзије Гонзага.

Бил роден во дворецот Кастиљоне, во близина на Мантова. На 13-годишна возраст се одлучил да стапи во редот на Исусовците. Во 1590 година во Рим избила епидемија на чума од која умреле 60.000 луѓе. Во Рим, тој им помагал на луѓето, па така и се заразил од болеста. Тогаш имал 23 години.

Предаден на волјата Господова, умрел во 1591 година.