Според календарот на МПЦ денеска е Собор на 12- те апостоли – Павловден.

Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички празник, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн.

Апостолите се слават како темели на црквата, што навистина се, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примија благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот. Уште повеќе затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на вселената.

Според католичкиот календар денеска е Св. Хенрик.

Бил роден во 973 година во Абако во близина на Регенсбург. Царот Хенрик бил побожен човек. Се залагал за обновување на црквата и за испраќање на свештениците-мисионери во областите каде не било раширено христијанството. Свети Хенрик основал многу бискупии и манастири.

Умрел во 1024 година.