Денеска е 13 јануари (според стар стил) и се слават Св. маченици Ермил и Страотник.
Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните. Светиот Ермил, христијанин и ѓакон при една црква, го фатија и го изведоа на суд. Кога му кажаа дека го водат на мачење, тој многу се израдува.
Залудно му се закануваше царот, Ермил слободно ја исповедаше својата вера во Христа и на заканите му одговори: „Господ ми е помошник, од кого да се бојам, што може да ми направи човек?“ (Пс. 117, 6).
После тешки мачења, Ермил го фрлија во затвор. А чувар му беше Стратоник, потаен христијанин, којшто со сето срце сострадуваше со Ермил. Кога и Стратоник го издадоа пред царот дека е христијанин, царот пресуди обајцата да се потопат во Дунав.
После три дена нивните тела водата ги исфрли на брегот и христијаните ги најдоа и ги погребаа на осумнаесет стадии далечина од Белград. Овие славни маченици пострадаа за Христа и се прославија во 315 година.