Со пригодна свеченост и положување цвеќе од бројни делегации пред споменикот на Ѓорче Петров во реонскиот парк во скопската општина која го носи неговото име, денеска одбележана 103-годишнината од неговата смрт. Ѓорче Петров е убиен во 1921 година во Софија.
– Општината со гордост го носи името на револуционерот и идеолог Ѓорче Петров кој поставил здрави темели на кои денеска се потпира Македонецот. Петров останува пример за сите нас како се сака и чува својата татковина, Република Македонија. Неговата посветеност кон македонското револуционерно дело, работа, дејност и истрајност е историја за која веќе еден век генерациите учат како е правилно, соопштија од општината, која го носи името на револуционерот.
Ѓорче Петров, се додава во соопштението од Општината, неизмерно ја сакал Македонија и во своите дела ја опишувал како една од најубавите земји.
-И од тие дела сме учеле сите, а учат и новите млади генерации. Да живее споменот за Ѓорче Петров, истакнуваат во соопштението од оваа локална самоуправа.
Фото: Општина Ѓорче Петров